Избраа библиско име: Тајзи ги откри името и полот на бебенцето кое го очекува со сопругата Ангела
Драган Величковски-Тајзи беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров.
38-годишниот пејач, кој ги брои последните денови пред да стане татко, зборуваше за љубовта која ја имаат со бремената сопруга Ангела Анчевска, а откри и како ќе се вика нивното синче.
„Со Ангела сме заедно подолг период од животот и се знаеме повеќе од 10-12 години. Се сакавме искрено и детски... одлучивме дека треба да градиме семејство и фамилија. Господ веројатно таа искреност ни ја награди со детенце кое го чекаме да се роди деновиве... Ми се допаѓаат такви приказни каде што нешто трае и нешто е вистинско. Сакам да ѝ кажам фала затоа што ми верува, ми е поддршка и затоа што ќе ми роди нешто за кое ќе ти се смени и би го дал и животот“ – рече кумановецот.
За време на разговорот со Стефан, Тајзи ги откри и полот и името кое го избрале за него.
„Машко дете, синче... па не знам дали да криеме, ама ни се допаѓа и на двајцата, нека се роди здрав и жив, нека избере ден кога треба да се роди... искрено на двајцата ни се допаѓа многу Захари. Библиско име, Пророк Захари е и од стариот завет и Захари е таткото на Јован Крстител, мене ми е домашна слава... и двајцата сме религиозни и си почитуваме религија, така што ни се допаѓа така библиско име. Имавме уште неколку опции, но ова ни остана така како најубава опција“ – рече Драган.
Тајзи ја запроси убавата македонска манекенка на Св. Валентин во Охрид. Во јуни објавија дека ќе станат родители, а во јули направија венчавка и свадбена прослава.
Таа е дел и од видео-записот за неговата најнова песна „Мама“.