Денес за мнозинството од жените идеалниот маж е всушност просечниот маж. Според ново истражување, најпосакуваните мажи се доверливи, малку романтични, хумористични, го сакаат семејниот живот, не се многу високи и имаат темна коса.
Ново истражување спроведено на Харвард покажа дека кафето го намалува ризикот од депресија кај жените. Па, јавете ѝ се на вашата пријателка и закажете си попладневно излегување на кафе за да го зачувате вашето психичко здравје.
Пронаоѓањето на идеалните фармерки може да стави широка насмевка на женското лице, но истражувачите велат дека жените чувствуваат најголемо шопинг задоволство кога ќе си ја купат посакуваната чанта.
Започнете го денот порано за да имате подобра фигура и подобро расположение. Научниците велат дека раното станување придонесува луѓето да се посреќни, поздрави и послаби во споредба со оние кои си поспиваат до покасно.
Чувствувате болка? Побарајте добра комедија, поканете некој пријател да ви се придружи и ќе ја направите болката поподнослива. Истражување спроведено на Универзитетот Оксфорд покажа дека искреното смеење од срце е вистински лек против болка.
Забавниот викенд заврши, а работната недела само што започна. Па, логично е понеделникот да ја добие титулата „најочаен ден во неделата“. Ново истражување потврди дека луѓето најмногу се жалат во понеделник наутро и тоа во просек по 34 минути.
Не залудно се вели дека мажите се визуелни суштества. Ново австралиско истражување покажало дека убавиот надворешен изглед им е најважен на мажите при изборот на партнерка.
Според најновите податоци, ризикот од појава на симптоми на депресија е за 2 и пол пати поголем кај жените, отколку кај мажите. Тоа се должи на фактот што жените чувствуваат огромен товар предизвикан од напорите да бидат истовремено и успешни мајки и сопруги и успешни на професионален план.
Сончевите денови ставаат насмевка на вашето лице? Дождот ве прави депресивни? Научниците велат дека постои директна поврзаност помеѓу времето и расположението кај повеќето луѓе.
Ви се јаде нешто слатко? Без размислување посегнете по чоколадото. Редовното консумирање на чоколадо го намалува ризикот од појава на болести на срцето за 37%, тврдат научниците.