• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Истражувања

Жените денес се попромискуитетни од кога било

5 октомври 2011, 15:37
  • cподели

„Жените се полесни од кога било“ – гласи насловот на најновото истражување објавено на популарниот машки сајт AskMen, кое вели дека жените денес не чекаат многу време пред да имаат сексуални односи со некого.

„Жените денес скокаат в кревет побрзо и со помали очекувања за долготрајно обврзување од кога било, ефективно намалувајќи ја „цената“ на сексот до рекордно ниско ниво“ – пишува New York Post, потпирајќи се на изјави на експерти по социјална психологија.

Истражувањата покажале дека 25% од девојките стигнуваат до секс уште во првата недела по започнувањето на врската.

Освен тоа, 30% од сексуалните врски на момците не вклучуваат ниту малку романтика, ниту додворување, ниту купување цвеќиња, ниту вечери на свеќи, ниту слатки пораки, ништо... само секс, т.е. денес на мажите не им се потребни романтични гестови за да стигнат до она што го сакаат.

Промискуитетна женаЧетвртина од девојките имаат секс уште во првата недела од врската

Експертите сметаат дека неколку причини се виновни за ваквата појава:

  1. Половата еднаквост. Жените денес се однесуваат на начини кои се сметаат за стереотипно машко однесување.
  2. Современата контрацепција. Напредната контрацепција им овозможува на жените подобро да се заштитат од бременост, па полесно се убедуваат на секс.
  3. Интернет порното. „Ако мажите не сакаат да си трошат време да воодушеват реална жена, можат да гледаат секс во HD со жени кои никогаш не велат не“ – вели Марк Регнерус од Универзитетот Тексас.

Експертите објаснуваат дека со ваквата промена се зголемува притисокот врз другите девојки и се менуваат очекувањата на мажите.

Научниците уште велат дека на факултет девојките се побројни од момците, па во борбата за машкото внимание, жените полесно се разголуваат. По завршувањето на факултетот, повторно „базенот на успешни, образовани мажи е небалансиран“, па брзањето кон сексот продолжува.

Мажите пак, започнуваат да ги менуваат очекувањата. Ако сексот во текот на повеќе години бил лесно достижен за еден млад маж, тогаш тој го очекува истото и кај неговите идни партнерки.

Tags
секс истражувања

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.