• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Го откри името на бебето, Гоца Тржан му ја искина маицата... Саша Ковачевиќ славеше за раѓањето на синот, дојдоа и колегите

17 ноември 2026, 09:04
  • cподели

Саша Ковачевиќ прослави за раѓањето на синот во друштво на пријателите и колегите од естрадата.

41-годишниот пејач не ја симнуваше насмевката од лицето, а според српските обичаи, уште на почетокот на прославата гостите му ја искинаа маицата.

Меѓу првите кои му честитаа беше пејачката Гоца Тржан, која му ја скина маицата и го прегрна. На прославата присуствуваа и други познати лица, меѓу кои и Сергеј Ќетковиќ, Дуња Јованиќ, Сања Маринковиќ и Бојан Васковиќ од „Лексингтон бенд“, како и пријатели и членови на семејството на Ковачевиќ.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by MONDO (@mondoportal)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sanja Marinkovic (@sanja_mariage)

Подоцна, Саша облече нова маица на која беше испишано името на синчето.

Пред прославата, Саша разговараше со новинарите и откри дека раѓањето на синот било исполнето со силни емоции, солзи и мали моменти на загриженост. Тој рече дека во еден момент се исплашил за сопругата Зорана Тасовац, бидејќи добила малку повеќе анестезија.

„Во еден момент ме исплаши, бидејќи доби малку повеќе анестезија и во еден момент започна малку повеќе да спие и тоа ме загрижи, но генерално сé помина како што треба. Бебето е 4 килограми, 53 сантиметри... Не знам што да кажам, мозокот ми работи 2 на час, но срцето на 100“ – изјави пејачот.

„Прво што си помислив е дека доаѓа еден мал човек кој, се надевам, дека ќе ги земе најубавите работи и од едниот и од другиот родител. Многу е сладок, спие по цел ден, нема плачено досега... Не можам да го опишам чувството со зборови. Веројатно секој од вас, кој има дете, знае за што зборувам. Мене луѓето ми зборуваа, но додека сам не го доживееш, тоа не е тоа“ – додаде тој.

Саша зборуваше и за ќерката на Зорана, Искра, која тој ја сака и прифаќа како свое дете.  Тој рече дека таа со нетрпение го очекувала доаѓањето на братчето. 

„Имаше и солзи и смеа, а и малку тага. Искра беше загрижена за мама... Искра е малку така љубоморна, но веројатно тоа е природно и нормално. Досега го држеше бато, му пееше и сигурно ќе биде сé како што треба“ – рече Саша.

Претходно, среќниот татко ги сподели и првите семејни фотографии со сопругата и синот и напиша:

„Љубов моја, од денес сме четворица. 😍 Сè уште ми е нереално убаво да го изговорам тоа. 🥰🥰🥰

Ти си мојата потпора, мојата сила и мојата најголема љубов. ❤️🙏🏼 Ти благодарам бескрајно што го донесе на свет ова наше прекрасно суштество“.

Tags
Саша Ковачевиќ

Најнови

  • Јелена Ѓоковиќ во шик стајлинг покрај Новак, се држеа за рака на конференција на нивната Фондација

    Tue, 11/17/2026 - 20:50
  • Го откри името на бебето, Гоца Тржан му ја искина маицата... Саша Ковачевиќ славеше за раѓањето на синот, дојдоа и колегите

    Tue, 11/17/2026 - 09:04
  • Роберт Патинсон како Џејмс Бонд

    Новото лице на агентот 007: Роберт Патинсон официјално стана Џејмс Бонд

    Mon, 11/16/2026 - 22:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.