• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Мода

ФОТО: Преслаба манекенка шокираше со нездравиот изглед на Модниот фестивал во Мелбурн

10 март 2016, 11:20
  • cподели

Преслаба манекенка предизвика лавина од критики и алармираше дека се неопходни промени во стандардите за избор на менекенки, откако дефилираше на ревија за време на Модниот фестивал во Мелбурн.

Најголем дел од критиките беа упатени на име на еден од најпопуларните австралиски дизајнери, Алекс Пери, кој е креатор на црниот фустан во кој беше облечена девојката.

Преслаба манекенка Преслаба манекенка Преслаба манекенка

Настанот „Premium Runway 4“ се одржа во средата, во рамките на Модниот фестивал во Мелбурн што трае една недела, а на кој учествуваат повеќе од 200 дизајнери.

Пери објасни дека не бил вклучен во изборот на девојки за ревијата и дека слабата девојка воопшто не требала да учествува на настанот.

Преслаба манекенка Преслаба манекенка Преслаба манекенка Преслаба манекенка Преслаба манекенка

„За жал јас немам никаква врска со кастингот на тој настан. Претходно и јас имав избрано девојка која беше премногу слаба и ја презедов одговорноста за тоа. Знам дека направив грешка. Но, немам никаква врска со ова“ – рекол Пери, кој и во 2014 година привлече критики за изборот на преслабата манекенка Кеси Ван Ден Дунген, но јавно се извини за постапката.

Преслаба манекенка

„Кој и да е директор за кастинг и лицата кои се организатори на шоуто треба да кренат раце и да речат: Ова не е правилно. Сите сме одговорни за ова и дизајнерите и организаторите на настанот и модните агенции. Но, сите ја отфрлаат вината“ – вели Алекс и повикува на отворени дебати од страна на дизајнерите за изгледот на манекенките.

Сара СтејџАлекс Пери

Франција минатата година направи голем чекор и со закон го забрани ангажирањето на манекенки чиј Индекс на телесна тежина (BMI) е под 18.

Tags
анорексија

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.