• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Ергоспирометрија – зошто е важен и како се изведува кардиопулмонален стрес тест?

3 јуни 2025, 06:35
  • cподели

Ергоспирометријата или кардиопулмонален стрес тест (СРЕТ) е дијагностичка метода која ја проценува работата на срцето и белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, покрај електрокардиографијата (ЕКГ) и мерењето на крвниот притисок, овој тест овозможува мерење на кислородната потрошувачка, фреквенцијата и силината на дишење. Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со поставена маска за анализа на респираторните параметри.

Ергоспирометрија

Зошто е важен?

  • Откривање на причините за отежнато дишење и замор
  • Проценка на физичката подготвеност и толеранцијата на напор
  • Проценка на ризикот пред хируршки процедури
  • Евалуација на степенот на срцеви и белодробни заболувања
  • Следење на ефикасноста на терапијата и рехабилитацијата

Кој треба да направи ергоспирометриски тест?

  • Лица со хронични срцеви или белодробни заболувања (срцева слабост, хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ)
  • Пациенти со отежнато дишење при физички напор
  • Лица на кои им претстои хируршка интервенција
  • Спортисти за проценка на физичката подготвеност и планирање на тренингот
  • Пациенти на рехабилитација по срцеви заболувања

Како се изведува тестот?

  • Тестот се изведува во специјализирана просторија со присуство на медицински персонал.
  • Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со постепено зголемување на интензитетот.
  • Се поставуваат електроди за следење на срцевата активност, манжетна за мерење на крвниот притисок и маска за анализа на респираторните параметри.
  • Се анализираат кардиопулмоналните параметри за време на оптоварување.
  • По завршувањето, следи фаза на одмор и проценка на резултатите.

Подготовка пред тестот

  • Примање на редовната терапија согласно претходни лекарски препораки.
  • Полесен оброк најдоцна 4 часа пред тестот.
  • Избегнување кофеински пијалаци, алкохол и никотин.
  • Избегнување физичка активност еден ден пред тестот.

Контраиндикации

Тестот не се препорачува при:

  • Скорешна респираторна инфекција, грип, КОВИД
  • Неконтролирана астма или тешка аортна стеноза
  • Скорешен миокарден инфаркт (помалку од 30 дена)
  • Имплантиран ICD/CRT помалку од 4 недели
  • Ниска почетна кислородна сатурација
  • Тешки срцеви аритмии или неконтролирана хипертензија

Придобивки за спортистите и физички активните лица

Ергоспирометријата е одлична алатка за спортисти бидејќи овозможува проценка на точката на влез во анаеробен метаболизам, што помага во оптимизација на тренинг програмите. Со овој тест може да се спречи прекумерното оптоварување на срцето и да се намали ризикот од ненадејна срцева смрт. Освен за професионални спортисти, тестот е корисен и за рекреативци, трудници и лица кои сакаат да ја подобрат својата физичка кондиција со прилагодени програми за вежбање.

Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.