• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Една година подоцна: Жената која го спаси преслабото „дете-вештер“ ја пресоздаде нивната хит фотографија

3 февруари 2017, 13:16
  • cподели

Момчето, кое беше прогонето од своето семејство поради „вештерство“ и спасено од хуманитарката Ања Рингрен Ловен, тргна на училиште.

Пред првиот училиштен ден, Ловен ја пресоздаде виралната фотографија на која му дава вода на прегладнетото детенце. Но, за разлика од пред една година, на новата фотографија Хоуп е среќно 3-годишно момче со здрава тежина.

„На 30 јануари 2016 година, тргнав на мисија... На спасувачка мисија која стана вирална. Денес, навршува точно една година откако светот го запозна малото момченце наречено Хоуп. Оваа недела Хоуп ќе тргне на училиште“ – напиша Ловен на Facebook во понеделникот. Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен

Малото детенце беше спасено од инспиративната Данка на почетокот од минатата година. Тоа беше оставено да гладува на улица, бидејќи неговото семејство верувало дека е вештер.

„Денот кога првпат го носев ова слатко мало момче во моите раце, бев сигурна дека нема да преживее. Секој вдишување беше битка за него и не сакав да умре без име, без достоинство, па го крстив Хоуп (Надеж).“

„Надеж за мене е специјално име. Не само значењето на Надеж, но и тоа што го претставува. Пред многу години си го истетовирав името НАДЕЖ на моите прсти заради тоа што за мене значи: Помагај ѝ на една личност секој ден“ – напиша Ања лани.

Хуманата жена постојано објавува фотографии од децата за кои се грижи во Африка, меѓу кои е и Хоуп.

Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен Ловен Ања Рингрен ЛовенСинот на Ања со Хоуп Ања Рингрен Ловен

За својата работа во Африка, Ања доби многу комплименти и беше прогласена за Најинспиративна личност за 2016 година од страна на германското списание „Ooom“.

Tags
Ања Рингрен Ловен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.