Хуманитарката, која го спаси прегладнетото детенце обвинето за вештерство во Нигерија, стана Најинспиративна личност на светот за годината која изминува.
Пред неколку недели светот го обиколија трогателни фотографии од мало прегладнето момче кое пие вода од хуманитарка. Благодарение на неговата спасителка, сега тоа е среќно и здраво.
Хуманитарка доби гласни аплаузи и пофалби за нејзината работа во Африка. Фотографијата на која Ања Рингрен Ловен му дава вода на прегладнето детенце, кое било оставено од семејството, трогна милиони лица од целиот свет.