• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Жената која го спаси напуштеното дете обвинето дека е вештер: „Го сакам како син“

6 април 2016, 10:52
  • cподели

Хуманитарката која го спаси малото прегладнето дете „вештер“ го покажа неговиот напредок и објасни дека го сака како свој син.

Малото детенце било прогонето од семејството, бидејќи тие сметале дека е вештер и преживувало само на валканите нигериски улици цели 8 месеци пред да биде спасено од Ања Рингрен Ловен. Таа го крстила Хоуп (Надеж) затоа што кога го пронашла, тоа било во ужасна состојба и секое вдишување било битка за него.

Нигерија Нигерија Нигерија

Благодарение на својот ангел-чувар, Хоуп сега брзо напредува и секојдневно ја добива љубовта од Ања.

„Хоуп ми е како син. Како сите останати наши деца, го сакам повеќе одошто може да се опише со зборови“ – рекла Ања, опишувајќи го ужасниот моментот кога за првпат го видела малото момче на улица.

„Кога првпат влеговме во селото, бавно се свртив и го видов Хоуп како седи на патот. Мислев дека ќе видам поголемо момче, но кога видов дека е колку мало бебе, целото тело ми замрзна. Ми се згади што гледав двегодишно момче во толку ужасна состојба. И јас самата станав мајка пред 20 месеци и мислев на мојот син додека го гледав Хоуп“ – објаснила Ловен за првата средба со Хоуп.

Нигерија Нигерија Нигерија Нигерија

И покрај лошата здравствена состојба, 2-годишното момче пронашло причина да се насмее само неколку дена по спасувањето, откако во болницата дошол синот на Ања. „Неколку дена по спасувањето, со мојот сопруг Дејвид го однесовме нашиот син во болницата. Тогаш за првпат видовме насмевка на лицето на Хоуп“ – вели таа.

Нигерија Нигерија Нигерија Дејвид и ХоупДејвид, сопругот на Ања и Хоуп

Случаите како оној на Хоуп не се ретки во африканските земји, особено во Нигерија. Нигеријците можат да посочат каква било причина за да обвинат некого дека е вештер – од болест или смрт во семејството, до отказ од работа или неплодност.

Нигерија Нигерија Нигерија

Приказната за Хоуп привлече огромно внимание низ целиот свет, а Ања е среќна што светот конечно дозна за овој проблем и за нивната хуманитарна работа. „Ова е нешто за кое не ни сонувавме. Долги години се бориме против ова суеверие и конечно целиот свет ја гледа важната работа која ја вршиме“ – додава Ловен.

Tags
Ања Рингрен Ловен

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.