• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Доц. д-р Жан Митрев доби признание како еден од најцитираните истражувачи во областа на медицинските науки според АРБУ

30 јуни 2026, 11:58
  • cподели

Доц. д-р Жан Митрев е еден од десетте најцитирани истражувачи во областа на медицинските науки. Ова признание доаѓа од истражувањето спроведено во рамки на проектот АРБУ – Академско рангирање на балканските универзитети, а за истото му е доделен и сертификат.

На манифестацијата на доделувањето на сертификатите присутни беа проф. д-р Милка Клинчева и д-р Емил Стојчевски, кој во име на д-р Митрев го прими признанието, односно сертификатот.

д-р Емил Стојчевски

Според објавената листа на АРБУ за професори и истражувачи во категоријата Medical Sciences, доц. д-р Жан Митрев е рангиран на 8. место во Северна Македонија, во конкуренција на 100 истражувачи рангирани според академскиот придонес.

Покрај ова признание, доц. д-р Жан Митрев припаѓа и во групата од 25 најцитирани истражувачи во Македонија, што претставува значајна потврда за неговиот научно-истражувачки придонес, видливоста на неговата работа и влијанието што го има во медицинската наука.

АРБУ е проект наменет за академската заедница, истражувачите и студентите, со цел да обезбеди релевантни информации и индикатори за академските перформанси на универзитетите и истражувачите во регионот. Платформата опфаќа податоци за земји од Балканот, меѓу кои Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија и Албанија, и претставува дополнителен извор на информации за институции кои не се опфатени со највлијателните светски рангирања како QS, Times Higher Education и Shanghai Ranking.

Д-р Емил Стојчевски и д-р Милка Клинчева

Ова признание е уште една потврда за континуираната посветеност на доц. д-р Жан Митрев кон развојот на медицината, научно-истражувачката дејност и унапредувањето на здравствените практики преку знаење, искуство и меѓународно препознатлив придонес.

Вклучувањето меѓу најцитираните истражувачи претставува важен поттик за понатамошно вложување во науката, истражувањето и публикувањето, како и за промоција на македонските истражувачи во регионален и меѓународен академски контекст.

Tags
д-р Жан Митрев

Најнови

  • Ѓорѓи Колозов

    „Добредојдовте кај дедо Боже!“: Анегдотата за Ѓорѓи Колозов која и денес се раскажува во Велестово

    Tue, 06/30/2026 - 12:50
  • Топлотен бран

    Топлотен бран: Како да се заштитите и како да реагирате ако ви се слоши или некој е во бессознание?

    Tue, 06/30/2026 - 12:27
  • ЕДС

    ЕДС ја продолжува промотивната кампања: 2 години фиксна цена на струја и подарок Hisense клима уред или Segway електричен тротинет

    Tue, 06/30/2026 - 12:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.