На првиот балкански конгрес за педијатриска кардиологија и кардиохирургија во Приштина, Д-р Жан Митрев учествуваше како говорник на посебен панел посветен на третманот на вродени срцеви заболувања.
Клиника Жан Митрев учествуваше на панел-дискусијата „Органодарителство во Македонија“, организирана од Медицинската студентска организација СОМA, во соработка со organodaritelstvo.mk.
Д-р Жан Митрев даде целосна поддршка на иницијативата за заживување на трансплантацијата во Македонија, нагласувајќи дека станува збор за заложба што ја поддржува уште од самиот почеток на својата професионална работа, веќе повеќе од 26 години.