• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Жан Митрев: 26 години искуство, знаење и посветеност споделени со новите генерации и колегите од регионот

15 мај 2026, 00:42
  • cподели
Д-р Жан Митрев

На првиот балкански конгрес за педијатриска кардиологија и кардиохирургија во Приштина, Д-р Жан Митрев учествуваше како говорник на посебен панел посветен на третманот на вродени срцеви заболувања, каде што ги презентираше искуството, развојот и резултатите на Клиника Жан Митрев во областа на кардиоваскуларната хирургија.

Говорејќи за искуството на клиниката во третманот на вродени срцеви заболувања, тој посочи дека досега успешно се третирани околу 1.570 случаи, а клиниката реализира околу 1.000 операции и околу 800 васкуларни процедури годишно.

Д-р Жан Митрев

Во осврт на континуираниот развој на кардиоваскуларниот третман, тој истакна дека од 2007 година клиниката значително напредувала во дијагностиката преку употреба на КТ скен. Тој додаде дека медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев денес е високо специјализиран за дијагностицирање кардиоваскуларни заболувања и користи технологија за 3Д реконструкција на срцето за покомплексни третмани.

На крајот на презентацијата, Д-р Митрев сподели два посебни случаи на бебиња од Косово, кои биле успешно третирани од многу ретки срцеви заболувања, докажувајќи ја не само експертизата, туку и човечкото влијание на оваа професија.

Д-р Жан Митрев
Д-р Жан Митрев
Д-р Жан Митрев
Д-р Жан Митрев
Tags
д-р Жан Митрев
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Водителката Александра Пановска Илиевска со ќеркичката и сопругот на одмор во Хрватска

    Fri, 07/10/2026 - 15:50
  • Бимилк со поддршка на Народен театар Битола

    Бимилк станува партнер на НУ Народен театар - Битола за поддршка на културата и уметноста

    Fri, 07/10/2026 - 15:03
  • Прирачник против врсничко насилство

    Прирачниците против врсничко насилство на „Макпетрол“ достапни на вебсајтот на „Крени глас“

    Fri, 07/10/2026 - 14:49
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.