• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

dm дрогерие маркт го продолжува хуманитарното делување: Донирани се 750 пакети со храна за социјално загрозени сограѓани!

16 декември 2020, 10:10
  • cподели

„Купувајте во dm и направете добро дело“ – вака гласеше слоганот на иницијативата „Giving Friday“ со која дрогериите на dm, на 27 ноември донираа 5% од својот дневен промет во хуманитарни цели. А, токму тоа добро дело денес беше остварено.

Со поддршка на своите купувачи, на 27 ноември 2020 година беа собрани 233.700 мкд за храна и оброци за социјално загрозени сограѓани. А, денес започна поделбата на оваа донација: 750 пакети со храна беа доставени во организацијата „Ајде Македонија“, кои преку хуманитарните организации „Свети Спас“, „АДРА Македонија“ и „Вистински дела на љубезност – Real acts of kindness“, ќе завршат во рацете на нашите социјално загрозени сограѓани.

dm donacija dm donacija

Од dm дрогерие маркт изразија голема благодарност до сите свои купувачи и вработени, кои несебично го дадоа својот придонес кон оваа иницијатива. Со оваа акција, уште еднаш на дело беше докажана општествената одговорност на компанијата, како и нејзините заложби за подобра иднина за сите нас.

„Новогодишните и божиќните празници се период на дарување, а нашите подароци оваа година решивме да ги однесеме онаму, каде што е најпотребно. Посебно нѐ радува фактот што во овие претпразнични денови успеавме, со ваков скромен гест, барем за момент да ја вратиме насмевката на лицата на нашите сограѓани“ – изјавија од компанијата.

dm donacija dm donacija

Комерцијален текст

Tags
dm

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.