• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Дива“: Тамара Тодевска со нов летен хит за женската сила

3 јули 2026, 12:18
  • cподели

Тамара Тодевска ја објави „Дива“, која е третиот сингл од новиот визуелен албум „Кукла жива“. Станува збор за брза, динамична и летна песна, која носи енергија, став и порака за слобода, самодоверба и женска сила.

„Дива, дива, дива – без страв, без срам, без вина“ е рефренот кој ја носи главната порака на песната: да бидеш своја, без компромиси и без извинување за тоа што си.

Музиката и текстот се потпишани од Коста Петров и Тамара Тодевска, а продукцијата е на Емин Џијан. Спотот е во режија на Мартин Трајановски и е снимен во TAKAT Studios, како дел од визуелниот концепт на албумот „Кукла жива“, првиот визуелен албум создаден во Македонија.

Со „Дива“, Тамара продолжува да го открива музичкиот свет на „Кукла жива“ – албум составен од 10 песни и 10 визуелни приказни, кои постепено ја водат публиката кон концертната промоција на 3. октомври во арената „Борис Трајковски“.

„Сакав 'Дива' да биде песна што ќе ја пуштиш гласно, ќе ја пееш и ќе се чувствуваш слободно. Да те потсети дека можеш да бидеш своја – без страв, без срам, без вина“ - посочува Тамара.

Видео

Tags
Тамара Тодевска
македонска музика

Најнови

  • Спасени мајка-штрк со трите штркчиња: Пожарникари евакуираа семејство штркови од запалено гнездо во Росоман

    Fri, 07/03/2026 - 13:00
  • Тамара Тодевска

    „Дива“: Тамара Тодевска со нов летен хит за женската сила

    Fri, 07/03/2026 - 12:18
  • Анѓелка Прпиќ уживаше во магијата на Дизниленд со сопругот Марко и синот

    Fri, 07/03/2026 - 10:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.