• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Д-р Зоран Несторовски: Уникондиларна ендопротеза на колено

21 јуни 2024, 13:09
  • cподели

Уникондиларна ендопротеза на колено е минимално инвазивна процедура во однос на тоталната ендопротеза, при која што само оштетениот дел на коленото се заменува со имплант. Се нарекува уште и парцијална, односно делумна ендопротеза на колено.

Жан Митрев

Гонартроза претставува хронично, дегенеративно оштетување на рскавицата на коленовиот зглоб која предизвикува болка, воспаление и ограничување на движењата. Симптомите се јавуваат постепено и со текот на времето се интензивираат. Во почетокот се изразени при одење, качување односно симнување по скали, а со напредување на болеста болката се јавува и во мирување. Може да се јави оток на коленото како и вкочанетост на зглобот. Често се јавува и деформитет на коленото во облик на О (варус) или Х (валгус) нозе.

Коленовиот зглоб е поделен на 3 компартмани (делови): медијален (внатрешен), латерален (надворешен) и пателофеморален компартман.

Жан Митрев

Тоталната замена на коленото е индицирана кај тешки облици на артритис каде што се заменуваат сите оштетени делови на коленото.

Уникондиларната ендопротеза е хируршка опција кај пациенти кај кои што дегенеративните промени зафаќаат само еден дел од коленото (најчесто внатрешниот), додека останатите зглобни површини се интактни-незасегнати, однoсно не се оштетени.

Индикација за овој тип на хируршка интервенција се поставува врз основа на анамнестички податоци, клинички преглед и рендген графија на коленото. Во поретки случаи е потребна и магнетна резонанца на коленото. Индикацијата за уникондиларна протеза изнесува околу 50% од пациентите со гонартроза при што на тој начин се избегнува поопсежен оперативен зафат односно имплантација на тотална ендопротеза на коленото.

Жан Митрев

Кои пациенти се кандидати за уникондиларна протеза?

Пациенти кај кои што дегенеративниот процес е ограничен само на еден компартман (дел) на коленото, и тоа најчесто внатрешниот. Кај истите треба да постои:

  • Стабилно колено (зачувана функција на преден вкрстен лигамент и колатерални лигаменти),
  • Добра мобилност на коленото (зачуван опсег на движења),
  • Корективен деформитет на коленото.

Кои пациенти не се кандидати за уникондиларна протеза?

  • Пациенти со нестабилност на коленото (скинат преден вкрстен лигамент),
  • Пациенти со ограничени движења на коленото и контрактури,
  • Варус деформитет поголем од 10 степени и валгус деформитет поголем од 5 степени,
  • Обезни пациенти,
  • Дегенеративен процес на повеќе од еден компартман на коленото.

Хируршка процедура

Со мал рез се пристапува до оштетениот дел на коленото. Се отстранува оштетениот дел од менискусот, минимално се ресецира оштетениот дел на коската на тибијата и фемурот и се поставува имплант во коленото. Не се поставува постоперативна дренажа.

Жан Митрев Жан Митрев

Предности

  • Мал рез,
  • Зачувани лигаменти во коленотo,
  • Помала постоперативна болка,
  • Подобар обем на движења во коленото,
  • Помал губиток на крв,
  • Кус болнички престој,
  • Заменетиот оштетен дел на коленото го штити здравиот од понатамошно оштетување,
  • Краток период на опоравување и враќање на секојдневни активности.

Пациентот се вертикализира на денот на операција, со оптоварување на оперираниот екстремитет. Се отпушта од болница вториот или третиот постоперативен ден во зависност од неговата општа состојба. Отстранување на конци од оперативна рана се врши на 14 постоперативен ден. Враќањето на секојдневни животни активности е 6-8 седмици после оперативениот третман.

Медицина

Д-р Зоран Несторовски
Специјалист по ортопедија
„Жан Митрев Клиника“ – Скопје

Жан Митрев

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.