• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Д-р Данчо Шурков: DISE – прецизно откривање на причината за ‘рчењето и sleep apnea

17 август 2026, 14:23
  • cподели

Доколку имате гласно ‘рчење, прекини во дишењето за време на спиењето, будење со чувство на гушење, утринска главоболка или прекумерна поспаност во текот на денот, можно е да постои опструктивна sleep apnea.

Каде точно настанува блокадата на дишните патишта?

DISE (Drug-Induced Sleep Endoscopy) е современа дијагностичка процедура која овозможува да се види како се однесуваат дишните патишта во услови слични на природниот сон.

DISE

Како се изведува?

Пациентот лежи удобно и добива контролирана медикаментозна седација, со која се предизвикува состојба слична на спиење. Во текот на процедурата пациентот е под континуиран медицински мониторинг.

Со помош на тенок и флексибилен ендоскоп, кој внимателно се внесува низ носот, се прегледуваат горните дишни патишта додека пациентот спие.

На тој начин можеме да утврдиме:

  • каде се јавува стеснувањето или колапсот
  • дали проблемот е на ниво на мекото непце
  • дали постои опструкција во пределот на јазикот
  • каква е улогата на епиглотисот и останатите структури
  • дали постои една или повеќе точки на опструкција

По завршувањето, пациентот се буди под медицински надзор и најчесто по краток период на опоравување може да си замине дома според проценката на медицинскиот тим.

DISE

Зошто е важна DISE?

Кај секој пациент sleep apnea не настанува на ист начин. Затоа е важно да се открие точното место и механизмот на опструкцијата.

Резултатите од DISE можат да помогнат при изборот на најсоодветниот третман – CPAP, орални апарати или соодветна хируршка терапија, зависно од наодот.

DISE – прецизна дијагноза, подобар избор на терапија, индивидуален пристап.

📞 За повеќе информации и закажување термин, контактирајте нè на 02 3091 484

Автор: Д-р Данчо Шурков, Специјалист по оториноларингологија

Д-р Данчо Шурков
Д-р Данчо Шурков
Tags
д-р Данчо Шурков
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Колекција на Ели Сааб и H&M

    Хит кај модните ентузијасти: Гламурозна колекција на Ели Сааб и H&M

    Wed, 09/16/2026 - 15:12
  • Гордост! Генијалецот Македон примен во Програма за талентирани млади во САД

    Wed, 09/16/2026 - 13:25
  • Бред Пит се забавува со девојката Инес откако неговите деца се откажаа од него како татко и го отфрлија неговото презиме

    Wed, 09/16/2026 - 13:15
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.