• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Совети за здравјето

Брзи трикови за подобрување на здравјето

13 август 2010, 11:47
  • cподели

Постојат одредени проблеми кои не се сериозна закана за нашето здравје, но ни создаваат непријатности – изгореници, исеченици, лош здив... За среќа, овие мали проблеми лесно можете да ги елиминирате со помош на ефективни трикови. Еве неколку од нив:

МедМедот е ефективен лек против мамурлак
  • Мед против мамурлак. Постојат многу ефективни природни начини да се преборите со симптомите на мамурлак. Премачкајте парче леб или неколку крекери со мед и изедете ги. Фруктозата му помага на телото да го забрза процесирањето на алкохолот, а медот има голема концентрација на шеќер. Освен медот, фруктоза содржат и црешите, грозјето и доматите.
  • Оцет за исеченици и убоди од инсекти. Кога ќе се пресечете, измијте ја раната со вода (ако сте сечеле месо, искористете и сапун). Потоа ставете малку оцет и притиснете ја. Крварењето ќе сопре, а оцетот ќе ја спречи и појавата на инфекции. Употребете оцет и при убод од инсект.
  • Ладна вода на рацете против потење. Откако ќе завршите со вежбањето, на мозокот му е потребно подолго време да сфати дека сте прекинале со физичката активност и најверојатно вие ќе продолжите да потите интензивно во наредниот половина час. За да го спречите тоа, потопете ги дланките и зглобовите во ладна вода. Чувајте ги десетина секунди под водата, потоа извадете ги надвор, па повторно ставете ги под вода.
  • Зелен чај против лош здив. Пиењето на зелен чај е ефективен начин да го елиминирате лошиот здив. Пред да го голтнете, шмукајте го во устата. Тој ем ги убива бактериите, ем ги неутрализира супстанциите кои предизвикуваат појава на непријатна миризба.
  • Еспресо против мигрена. Луѓето кои страдаат од мигрена знаат дека постојат некои симптоми кои им даваат знак дека настапува мигрената (потреба од чоколадо, прекумерно проѕевање или уринирање). Во тој период (пред мигрената да се појави со цела сила) можете да си помогнете со пиење на еспресо. Идејата е да го зголемите потокот на крв кон мозокот. Затоа, напијте се една чаша еспресо, една голема чаша вода и вежбајте 20-30 минути.
  • Sensodyne за чувствителни заби. Ако имате чувствителни заби, мијте се со нежни кружни движења на четката. Откако ќе ги измиете забите навечер, земете на прстот малку паста Sensodyne и нанесете ја врз забите. Оставете ја премачканата паста да делува на забите во текот на ноќта.
  • Топли облоги за суви очи. Ако очите ви се суви и ви е тешко да ги држите отворени, затворете ги и врз нив поставете топла облога. Држете ја облогата врз очите 5-10 минути и повторете ја постапката неколку пати во денот.
  • Млеко за мали изгореници. Ако имате мала изгореница, потопете ја 15 минути во млеко или пак врз неа ставете крпа која претходно сте ја потопиле во млеко. Млекото ќе ја намали болката, а и ќе го забрза процесот на лекување. По употребата на млекото, измијте го местото со ладна вода.
Tags
здравје
совети
изгореници
исеченици
лош здив

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.