• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

13 јануари 2026, 11:19
  • cподели

Бруклин Бекам и Никола Пелц за првпат се појавија во јавност откако тој испрати писмо до родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку адвокат.

26-годишниот Бруклин беше „уловен“ додека ја земаше својата сопруга од домот на нивни пријатели. 31-годишната актерка носеше црна заштитна маска со која си го криеше лицето.

Извор близок до парот споделил дека Бруклин го испратил писмото до родителите сакајќи да си го заштити менталното здравје. Наводно, објавите на социјалните мрежи во кои бил споменуван или означуван влијаеле негативно на него.

Бруклин имал намера приватно и подалеку од очите на јавноста да ги подобри односите со своето семејство. Друг извор запознаен со ситуацијата изјавил дека Бруклин смета дека родителите сè уште го гледале како дете, а не како возрасна личност и дека ги игнорирале неговите барања да не го споменуваат на социјалните мрежи.

Ситуацијата дополнително ја влоши тоа што неговата сопруга Никола ги избриша сите траги од семејството Бекам од нејзиниот Instagram профил.

Во јавноста веќе подолго време кружат информации дека односите меѓу Бруклин и неговите родители се заладени, особено по неговиот брак со актерката Никола Пелц. Британските таблоиди со месеци пишуваат за наводни несогласувања меѓу Викторија и снаата.

Наводно, несогласувањата се зголемиле по серијата изјави за неговата сопруга Никола Пелц во кои се велеше дека таа го држи како „заложник“ и дека го „контролира“.

Tags
Бруклин Бекам

Најнови

  • Роберт Дувал

    „Боб за мене беше сè“: Почина Роберт Дувал, оскаровецот кој на улогите им вдахнуваше бесмртност

    Mon, 02/16/2026 - 19:54
  • LELEK

    Убедлива победа: Моќната песна „Андромеда“ со која Хрватска ќе оди на Евровизија

    Mon, 02/16/2026 - 13:25
  • Патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски

    NBA ѕвезда со патики дизајнирани од Македонецот Сатја Грабулоски за All Star натпреварот

    Mon, 02/16/2026 - 12:45
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.