• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Оној кој не ви купува цвеќе за роденден, тој не е за вас“: Сергеј Ќетковиќ со совет за своите ќерки

4 ноември 2026, 10:13
  • cподели

Сергеј Ќетковиќ ја покажа својата романтична и џентлменска страна за време на своето гостување во Македонија.

Во емисијата Stars Show кај водителката Ивана Јанковска, познатиот црногорски пејач отворено зборуваше за љубовта, машко-женските односи и вредностите кои не треба да се изгубат во современото време. 

Со ставови кои потсетуваат на едно поинакво време, тој објасни што значи да се биде вистински господин, каква жена може да го освои таквиот маж и зошто партнерите во бракот треба да бидат поддршка еден на друг, а не ривали. 

Сергеј откри и каков совет им дава на ќерките кога станува збор за изборот на партнер, посочувајќи дека вистинскиот маж се препознава по малите гестови на внимание и почитта кон жената.

Запрашан кој треба да го направи првиот чекор која има хемија меѓу еден маж и една жена, тој рече: 

„Машкото. Па, таква е природата, мора прво да биде машкото. Јас сум од едно друго време... Јас им реков на моите ќерки: 'Оној кој нема да ви сипе пијачка во чашите, туку чека вие тоа да го направите и оној кој не ви го придржува столот за да седнете и оној кој не ви купува цвеќе за роденден, тој не е за вас'“.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by ✰ S T A R S 𝓈𝒽ℴ𝓌 by Ivana Jankovska ✰ (@stars_tvshow)

Но, каква треба да биде жената за да го освои мажот кој ги негува овие вредности? Според Сергеј, тајната не е во наметливоста, туку во природната елеганција и однесувањето.

„Да биде дама. Скромна, ненаметлива, тивка. Да зрачи“ – рече тој.

А кога станува збор за мажот, Ќетковиќ смета дека вистинската машкост не се докажува со сила и надмоќ, туку со карактер.

„Да биде господин, да биде кавалер, да биде џентлмен, да биде скромен и ненаметлив, да биде едноставен, а сепак да биде маж.“

Осврнувајќи се на современите бракови, во кои понекогаш партнерите наместо да се поддржуваат, се натпреваруваат кој ќе биде во право и кој ќе ја има главната улога, Сергеј порача дека суштината на бракот е сосема поинаква. Според него, двајцата треба да функционираат како тим, да се надополнуваат и заедно да градат заеднички живот.

„Партнерите треба да се надополнуваат. Треба сè што можат да дополнат за да сраснат во едно, да мислат како едно, да живеат како едно, да зборуваат како едно. Ако секој тера по своето и покажува сила, каков е тој брак, тоа е натпреварување, тоа е борба, тоа е осудено на пропаст.“

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by SERGEJ ĆETKOVIĆ (@cetkovics)

Целата емисија со Сергеј можете да ја гледате тука:

Tags
Сергеј Ќетковиќ

Најнови

  • „Оној кој не ви купува цвеќе за роденден, тој не е за вас“: Сергеј Ќетковиќ со совет за своите ќерки

    Wed, 11/04/2026 - 10:13
  • Ќерката на Анџелина Џоли и Бред Пит официјално се откажа од презимето на татко ѝ: Таа е четвртото дете кое го направи овој чекор

    Wed, 11/04/2026 - 09:18
  • „Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска со остра реакција по скандалозната изјава на Петар Богојески

    Wed, 11/04/2026 - 09:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.