Врв на скандалот: Бруклин Бекам побарал од родителите Дејвид и Викторија да контактираат со него само преку неговите адвокати
Бруклин Бекам не сака да има никакви контакти со своите родители Дејвид и Викторија Бекам.
Односите помеѓу нив се влошуваа во изминатата година, но ситуацијата кулминирала кога синот преку писмо побарал од родителите да комуницираат со него само преку неговите адвокати.
Бруклин им кажал на Дејвид и Викторија дека не сака да контактираат со него и побарал од нив да даваат јавни изјави за него на социјалните мрежи.
Во јавноста веќе подолго време кружат информации дека односите меѓу Бруклин и неговите родители се заладени, особено по неговиот брак со актерката Никола Пелц. Британските таблоиди со месеци пишуваат за наводни несогласувања меѓу Викторија и снаата.
Наводно, несогласувањата се зголемиле по серијата изјави за неговата сопруга Никола Пелц во кои се велеше дека таа го држи како „заложник“ и дека го „контролира“.
Извор близок до Бекамови споделил: „На Дејвид му беше кажано да контактира со нив само преку адвокат. Тоа е единствениот начин за комуникација меѓу нив.“
Ова веројатно е и причината зошто Бруклин ги блокираше сите членови на семејството на Instagram, информација која ја сподели неговиот брат Круз.
Според извори на The Sun, Бруклин тивко стапил во контакт со своите баби и дедо си.