• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Бруклин Бекам празнично ужива со сопругата и нејзините родители откако го блокира своето семејство на Instagram

31 декември 2025, 11:35
  • cподели

Бруклин Бекам и Никола Пелц уживаат во божиќните и новогодишните празници со нејзиното семејство откако тој ги блокира родителите и најблиските на Instagram.

26-годишниот готвач сподели фотографии со 30-годишната актерка, нејзиниот татко Нилсон и нејзината мајка Клаудија покрај новогодишната елка во нивниот дом. Бруклин и Никола се облечени во исти пижами.

„Им посакуваме на сите среќен Божиќ и Среќна Нова година исполнета со многу љубов, мир и среќа“ – напиша Никола по што започнаа да се редат критики и коментари.

„На сите освен на твоите свекор и свекрва“, „Бруклин мајка ти и татко ти те сакаат многу“, „Бруклин имаш само една мајка“, „Единствената жена која некогаш безусловно ќе те сака е мајка ти“, „Зошто не му покажете љубов на семејството Бекам“ – се само дел од коментарите под објавата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Victoria Beckham (@victoriabeckham)

Младата актерка сподели и фотографија на која лежи во прегратката на сопругот и напиша: „Не ги планиравме нашите аутфити“, а Бруклин ѝ возврати: „Ти си моето колаче“.

Објавите на парот следуваат по веста дека Бруклин ги блокираше на социјалните мрежи своите родители Дејвид и Викторија, како и брат му Круз.

Бруклин не беше присутен на многу фамилијарни собири во изминатите месеци, а не ги покани родителите на обновувањето на заветите со сопругата.

Tags
Бруклин Бекам
Никола Пелц

Најнови

  • Јована Богданоска

    „Денот Господов“ - новата песна на Јована Богданоска

    Sun, 04/12/2026 - 18:02
  • Бојана Скендеровски со семејството

    „Велигден го славиме кај моите родители, а ручекот секогаш е со јагнешко“: Бојана Скендеровски за празниците и мајчинството

    Sun, 04/12/2026 - 07:30
  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.