Круз Бекам ги поби гласините дека Дејвид и Викторија престанале да го следат Бруклин на Instagram, всушност тој ги блокирал
Круз Бекам не остана рамнодушен на пишувањата дека неговите родители престанале да го следат неговиот брат Бруклин на Instagram.
Тој ги поби гласините и напиша дека вистината била дека тој ги блокирал Дејвид и Викторија.
20-годишниот син на поранешниот фудбалер и славната дизајнерка сподели натпис на Daily Mail во кој пишува дека неговите родители го отследиле Бруклин поради фамилијарни недоразбирања. Тој ги негираше таквите тврдења.
„НЕ Е ВИСТИНА. Мајка ми и татко ми никогаш не би го отследиле нивниот син... Ајде да ги разјасниме фактите. Тие се разбудија блокирани… исто како и јас“ – напиша Круз.
Друг извор за Daily Mail го потврдил истото коешто го тврди Круз.
„Дејвид и Викторија никогаш нема да престанат да го сакаат Бруклин. Секогаш ќе бидат тука за него и секогаш сакаат тој да знае дека се скршени поради оваа расправија.“
„Далеку од тоа дека ова е нивна постапка, изгледа дека Бруклин ги блокирал за да им покаже дека е готово, дека ова е конечно. Многу е јасно дека ова е знак на негово целосно отуѓување од семејството“ – рекол изворот.
Бруклин не беше присутен на многу фамилијарни собири во изминатите месеци, а не ги покани родителите на обновувањето на заветите со сопругата. Тој немало да биде со семејството ниту на Божиќ, бидејќи ќе славел со родителите на неговата сопруга Никола Пелц.
