• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Браво! 11-годишниот Македон со извонреден резултат на SAT тестот, подобар од 95% од 18-годишниците

23 јуни 2026, 14:20
  • cподели

Македон Димитровски восхитува со импресивното знаење и интелигенција.

Македонското чудо од дете на само 11-годишна возраст постигна огромен успех на SAT тестот, кој е приемен испит за сите престижни универзитети во светот.

Македон освои фантастични 1440 поени на SAT-тестот, постигнувајќи резултат подобар од дури 95% од 18-годишните ученици кои го полагале овој испит. Со овој извонреден успех, тој уште еднаш го потврди својот натпросечен потенцијал и се позиционираше меѓу топ 3 ученици во целиот свет кои успеале да го остварат ова на негова возраст.

Убавата вест ја споделија неговите горди родители на социјалните мрежи.

Со голема гордост споделуваме дека Македон постигна извонреден резултат на SAT тестот што е приемен испит за на сите престижни универзитети

На свои 11 години доби 1440 поени што е 95% подобро од сите тестирани ученици на 18 години , со што уште еднаш го потврди својот исклучителен потенцијал,а е во топ 3 вкупно ученици од целиот свет што добил ваков резултат на 11 години  а ова го достигна со посветеност и љубов кон знаењето.

Овој успех е резултат на континуирана работа, дисциплина и силна поддршка во процесот на подготовка.

Посебна и искрена благодарност упатуваме до менторот Горан Милошовски, чија стручност, посветеност и насоки имаа клучна улога во постигнувањето на овој резултат.  Секако и тимот на интернационалното училиште Нова Скопје.

Со овој успех се отвораат вратите кон најпрестижните универзитети во светот и се поставува цврста основа за понатамошен академски развој.

Ова е само почеток на уште поголеми достигнувања што допрва следат.

Во интервју за Фемина, неговите родители, Владимир и Тина, споделија што значи да се расте надарено дете.

Тоа е огромна радост, но и голема одговорност. Радоста е во тоа што сведочите на нешто навистина посебно, но одговорноста е да знаете како правилно да го насочите без да му го одземете детството или да создадете непотребен притисок.

Македон е едно сосема нормално, весело и љубопитно дете. Сака музика, дружење, истражување и активности како и секое друго дете. Неговата посебност не го одвојува од детската радост.

Од самиот почеток, знаевме дека талентот бара правилна насока. Побаравме ментори, дополнителна едукација и можности каде што ќе може да се развива. Сметаме дека талентот е дарба, но и обврска која бара работа, дисциплина и вистинска поддршка.

Tags
Македон Димитровски

Најнови

  • Klara and the Sun

    Џена Ортега во улога на робот: Официјалниот трејлер за новиот филм „Klara and the Sun“

    Tue, 06/23/2026 - 14:59
  • Браво! 11-годишниот Македон со извонреден резултат на SAT тестот, подобар од 95% од 18-годишниците

    Tue, 06/23/2026 - 14:20
  • Sundance

    Летниот производ од SUNDANCE што сите го бараат: врвна заштита од сонцето за само 349 денари

    Tue, 06/23/2026 - 13:19
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.