Богомолка ја исплаши Јелена Томашевиќ на концертот во Охрид, Иван ја „спаси“ во такт со музиката
Интересна случка ги насмеа обожавателите на Јелена Томашевиќ и Иван Босиљчиќ.
За време на нивниот концерт во Антички театар во Охрид, врз фустанот на српската пејачка застана богомолка која фановите неуспешно се обидоа да ја избркаат.
Во моментот кога зелениот инсект беше на нејзиниот грб, Јелена не можеше да ја сокрие паниката и вресна.
Нејзиниот сакан Иван веднаш реагираше и без многу размислување со рака ја отстрани богомолката.
Целата ситуација очигледно беше една од најинтересните сцени од концертот, а снимката стана хит откако парот ја сподели на социјалните мрежи.
„Ме лазат морници додека го гледам ова видео. Но, затоа сопругот е тука секогаш кога треба“ – напиша таа, означувајќи го Иван.
Иван, пак, на својот профил напиша:
„Кога некој ми ја гиба жената, завршува на подот.“
Инаку, концертот во Античкиот театар имаше и посебно значење за познатиот пар. Јелена и Иван токму во Охрид ја одбележаа 15-годишнината од својот брак, приредувајќи им на присутните вечер исполнета со многу емоции.
Претходно, во интервју за Фемина, Јелена сподели дека не можела ни да замисли подобар начин за да го одбележат овој јубилеј.
Од првиот пат кога настапував овде, кај македонската публика почувствував една посебна топлина и непосредност. Тие не ја слушаат само музиката – тие навистина ја живеат со вас.
Искрено, не би можела да замислам поубав начин да одбележиме 15 години брак – изјави Јелена.
