• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Анџелина Џоли се отвори за животот по разводот со Бред Пит и дијагнозата Белова парализа

27 јули 2017, 10:28
  • cподели

Освен што сними прекрасна фотосесија, Анџелина Џоли даде интервју за Vanity Fair во кое проговори за животот по разделбата со Бред Пит, справувањето со емоциите и здравствените проблеми меѓу кои Белова парализа и висок крвен притисок.

Анџелина Џоли

Интервјуто беше направено во новиот дом на Анџелина во Лос Анџелес, кој таа го купи по разводот за 25 милиони долари. „Ова беше најтешкиот период. Оваа куќа беше голем скок напред за нас и сите ние се трудиме да го направиме она што е најдобро за да го излечиме нашето семејство.“

На прашањето за влошувањето на брачните односи со Пит во текот на минатото лето, таа рекла: „Работите станаа лоши. Не сакав да го употребам тој збор... работите станаа тешки.“

Коментирајќи ги гласините дека нејзината комуникација со Бред се подобрува, таа изјавила: „Се грижиме еден за друг, се грижиме за нашето семејство и двајцата се стремиме кон иста цел.“

Анџелина Џоли

Иако се наоѓа во мошне деликатен период од животот, Џоли вели дека решена да ги чува емоциите под контрола. „Бев многу загрижена за мајка ми додека растев. Многу. Не сакам моите деца да бидат загрижени за мене. Сметам дека е многу важно да плачеш под тушот, а не пред нив. Тие треба да знаат дека сè ќе биде добро иако ти не си сигурна дека е така.“

За своите деца, Џоли изјавила: „Многу се гордеам со нив. Тие беа многу храбри во моментите кога требаше да бидат. Сите се лекуваме од случките кои доведоа до поднесувањето документи за развод... Тие не закрепнуваат од разводот. Тие закрепнуваат од некои... од животот, од работи во животот.“

Покрај брачните проблеми и разводот, Џоли во изминативе години се судри со многу здравствени предизвици. Пред четири години, таа си направи двојна мастектомија (отстранување на дојките), а пред две години си ги отстрани јајниците откако генетски тестови покажале дека постоел огромен ризик да заболи од рак. (Мајката, тетката и бабата на Џоли се починати од рак.) Отстранувањето на јајниците значеше почеток на менопауза.

Во изминатиов период Џоли страдала од хипертензија (висок крвен притисок), а се соочила и со Белова парализа (привремена парализа на лицето), која се манифестира со неможност за контрола на мускулите на засегнатата страна. Џоли наведува дека акупунктурата ѝ помогнала целосно да се опорави . „Понекогаш жените во семејствата се поставуваат себеси на последно место додека тоа не се одрази на нивното здравје“ - изјавила таа.

Анџелина Џоли

За Анџелина сега е смешно некој да ја асоцира со секс симбол. „Всушност, повеќе се чувствувам како жена, бидејќи чувствувам дека донесувам паметни одлуки и го поставувам моето семејство на прво место и имам контрола над мојот живот и моето здравје. Мислам дека тоа ја прави жената комплетна“ - рекла таа.

Покрај промовирањето на филмот „First They Killed My Father“, Џоли не работи на друг проект во моментов и е целосно фокусирана на тоа да биде добра мајка. „Само сакам да правам солиден појадок и да ја одржувам куќата. Тоа ми е страст. На барање на децата, одам на часови за готвење. Додека заспивам навечер се прашувам: Дали се справив добро како мајка или тоа било само еден обичен ден?“ - раскажува таа.

Во изминатиов период Џоли во неколку наврати беше фотографирана со децата во Дизниленд.

Анџелина Џоли Анџелина Џоли
Tags
Анџелина Џоли

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.