Секојдневно се зголемува бројот на оздравени лица од коронавирус и веќе нема активни случаи во шест градови во кои беа регистрирани лица позитивни на КОВИД-19.
Учениците од основните и средните училишта ќе ја продолжат наставата со далечинско учење до 10 јуни, односно нема да се вратат во училишните клупи, додека матурантите оваа година ќе бидат ослободени од полагањето завршен испит.