Продавниците во Веро центар во Скопје од денеска (среда) се отворени и работат од 10 до 18 часот, со исклучок на Веро маркетот кој продолжува да функционира со работно време од 7 до 18 часот.
Повторно има зголемување во бројот на новозаразени со коронавирус. Во изминатите 24 часа, направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на КОВИД-19.
Веро маркетите викендов (сабота и недела) работат од 7 до 18 часот, при што пензионерите имаат приоритет за пазарување во терминот од отворање на маркетите до 10 часот.