Адријана Лима убавица со минималистичка шминка во Мадрид пред средбата со нашиот стилист Марјан Петров
На Адријана Лима не ѝ е потребна тешка шминка, ниту пак комплексна фризура за да изгледа фантастично.
45-годишната манекенка мамеше воздишки на настан во Мадрид на кој се појави со минимална шминка на лицето.
За оваа пригода, Лима избра црн макси-фустан со едноставен и елегантен крој напред кој го следеше нејзиното тело и паѓаше до земја, додека главниот акцент беше отворениот грб украсен со тенки прерамки кои се вкрстуваа и создаваа впечатлив визуелен ефект.
Од Шпанија, Лима отпатува во Италија, по повод Миланската недела на модата. Додека вечераше во ресторанот од хотелот во кој престојуваше имаше средба со македонскиот стилист Марјан Петров, кој беше одушевен од нејзината природна убавина.
