• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Тело

11 правила и совети при изборот на градник

12 март 2014, 14:03
  • cподели

Идеалниот градник ви гарантира глатка силуета, комфор и попривлечен изглед, но потрагата по него знае да биде мачна и долга како потрагата по совршените фармерки. Сепак, кога еднаш ќе почувствувате на своја кожа што значи соодветен градник, никогаш повеќе нема да си дозволите да се задоволите со нешто помалку.

Градник

Лошата вест е што најголем дел од жените носат градник со погрешна големина, а тоа не само што влијае негативно на надворешниот изглед, туку може и да доведе до болки во грбот, болки во вратот и лошо држење на телото.

Особено проблематично е тоа што големината на градниците варира кај различните компании и различните модели, па ако еднаш сте купиле одличен градник 80C, голема е веројатноста следниот пат да треба да купите градник со друга големина.

Следниве правила и совети ќе ви ја олеснат одлуката дали сте го пронашле вистинскиот градник:

  1. Кога купувате градник, носете тенка бела маичка. Светлата маичка од тенок материјал ќе ви помогне лесно да ги увидите сите недостатоци на градникот. Доколку сте задоволни од тоа како ви стои градникот под таков тип на маичка, тогаш бидете сигурни дека нема да зажалите за изборот.
  2. Не купувајте градник без да го облечете. Купувањето градник треба да си го сфатите како купување фармерки. Ретко кој би се осмелил да купи фармерки без да провери како му стојат на телото.
  3. При купувањето, закопчувајте го градникот „најлабаво“ (на првото копче). Со текот на времето, лентата на градниците ја губи еластичноста и се растегнува. Па, ако погрешите и купите градник кој се закопчува на последното копче, нема да можете да се прилагодувате на промената на еластичноста.
  4. Штом ќе го облечете градникот, подигнете ги рацете нагоре. Тоа е првиот тест кој ќе ви каже дали сте на вистинскиот пат. Доколку по подигањето на рацете забележите дека градникот се подигнува и оддолу се ѕиркаат вашите гради, веднаш преминете кон друг број или модел.
  5. Лентата на грбот треба да биде хоризонтална, односно паралелна на подот. Доколку лентата каде што се закопчува градникот ви се крева нагоре кон вратот, најверојатно треба да се обидете со градник со помала големина на лентата (наместо 85B, изберете 80B).
  6. Жиците под градите треба да бидат залепени за кожата, но без да вршат притисок. Доколку жиците помеѓу градите се подигнати и не лежат на градната коска, или пак, ве бодат во пределот под пазувите, тоа е знак дека треба да побарате градник со друга големина на корпите.
  7. Во идеален случај, брадавиците се наоѓаат на висина на средината помеѓу лактите и рамената. Задача на градникот е да ви ги држи градите подигнати. Откако ќе го облечете градникот, пуштете ги рацете слободно покрај телото. Доколку најистакнатиот дел од градите ви се наоѓа под или над средината на растојанието од лактите до рамената, тогаш треба да се обидете со градник со друга големина.
  8. Прерамките не треба да се „зариваат“ во рамената. Тежината на градите не треба да паѓа на прерамките. Потпората во најголема мера (околу 90%) треба да доаѓа од еластичната лента. Доколку прерамките ви се забиваат во кожата, тоа значи дека не добивате соодветна потпора од еластичната лента.
    Тест: Облечете го градникот, застанете исправени и тргнете ги прерамките настрана да висат. Ако градникот и понатаму ви ги држи градите како и претходно и не паѓа видливо надолу, значи сте го направиле вистинскиот избор.
  9. Со вистинскиот градник ќе избегнете „двојни“ гради. Градите не треба да „претекуваат“ од корпите. Рабовите на корпите не треба да ги пресекуваат градите, туку да лежат на кожата. Доколку забележите „двојни“ гради, побарајте градник со поголеми корпи.
  10. Нерамнините на грбот ќе ги избегнете со градник со подолга лента. Нерамнините на грбот се појавуваат поради зголемена телесна тежина и стануваат поголем проблем со стареењето на кожата, но честопати се резултат на градник со погрешна големина. Доколку забележите дека градникот ви создава големи нерамнини, изберете друг со поголем број на лентата.
  11. Перете ги градниците рачно за да ги зачувате во добра форма што подолго. При машинско перење, градниците побрзо ја губат еластичноста на лентата и се растегнуваат. Исто така, често доаѓа и до излегување на жиците. Сепак, доколку претпочитате перење во машина, ставајте ги градниците во мали мрежести торбички за долна облека и задолжително закопчувајте ги пред да ги ставите во барабанот.
Tags
градник
гради

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.