Почетна » Рецепти » Ваши рецепти » Овошни мафини

Овошни мафини

Во потрага сте по сладок овошен деликатес? Дозволете си да бидете освоени од слатко задоволство со јагоди во форма на мафини.

Овошни мафини

Состојки

2јајца
2 лажицишеќер (или повеќе ако сакате поблаго)
200 млјогурт
50 млмасло
15 лажицибрашно
1 кесичкаванилин шеќер
1 кесичкапрашок за печиво
рендана кора од лимон
овошје по желба
шеќер во прав

Подготовка

  1. Разделете ги белките од жолчките на јајцата. Прво се матат белките. Потоа полека се додава шеќерот, па жолчките, јогуртот, маслото, ренданата кора од лимон и ванилиниот шеќер. На крајот, додајте го брашното со прашокот за печиво.
  2. Смесата насипете ја во калапи за мафини. Наполнете ги до половина, а одозгора ставете овошје по ваша желба.
  3. Печете во претходно загреана рерна на 180°С.
  4. Откако мафините ќе се испечат, посипете ги со шеќер во прав.

Рецептот е на форумџиката @Sky-butterfly, која доби најмногу гласови во кулинарскиот натпревар „Фемина готвач – Тема: Мафини“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9489 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.