Џенифер Лопез и Бен Афлек се верија повторно, 18 години откако ја раскинаа првата свршувачка. Славната актерка и пејачка ја откри среќната вест во видео во кое го покажува свршеничкиот прстен.
52-годишната ѕвезда не може да си ги задржи солзите додека го покажува блескавиот прстен на раката.

Џеј Ло пред неколку дена беше фотографирана на прошетка со ќерка ѝ Еми, а блескавиот прстен веднаш поттикна гласини за свршувачка.

Ова не е прво љубовно поглавје на парот. Лопез и Афлек се верија во 2002 година, а во 2004 година ја раскинаа свршувачката.
По нивната разделба, Џеј Ло беше во брак со Марк Антони, а минатата година ја раскина свршувачката со Алекс Родригез. Афлек пак, беше венчан со Џенифер Гарнер до 2018 година.


