Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Кристијано Роналдо се соблече за да ја претстави својата нова колекција долна облека

ФОТО: Кристијано Роналдо се соблече за да ја претстави својата нова колекција долна облека

Кристијано Роналдо мами погледи со мускулестото тело во новата кампања за сопствената линија долна облека.

31-годишниот фудбалер позираше во модели од колекцијата за сезоната есен/зима 2016. Ова е шеста колекција на Роналдо од линијата „CR7 by Cristiano Ronaldo“, а во неа, како и во сите негови досегашни колекции, силните бои и смелите дезени имаат централно место.

CR7 by Cristiano Ronaldo CR7 by Cristiano Ronaldo

„Сакав да ги ставам моите омилени дезени во центарот на оваа кампања, чија цел е да ја покаже самодовербата која добрата долна облека може да ви ја даде. Сакам моите дезени да им даваат самодоверба на луѓето и да прават не само да изгледаат, туку и да се чувствуваат убаво. Долната облека е првото нешто кое го ставете наутро и е основата на вашето добро расположение“ – вели ѕвездата на Реал Мадрид.

CR7 by Cristiano Ronaldo CR7 by Cristiano Ronaldo

Деновиве Кристијано презентираше своја апликација за правење селфи фотографии, со помош на која ќе можете да се фотографирате покрај него. Апликацијата вклучува 68 пози и 39 филтри. Секое преземање на апликацијата значи и донирање средства за организацијата Save the Children.

CR7 by Cristiano Ronaldo CR7 by Cristiano Ronaldo

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11608 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.