Кети Пери пред пет дена стана мајка, а сега со фотографија покажа како ѝ изгледа телото по породувањето.
На селфи фотографијата, 35-годишната пејачка позира пред огледало, облечена во градник за доење.
Фотографијата Пери ја објави на истата вечер кога се емитуваше доделувањето на MTV VMA, па се пошегува на своја сметка. Поради тоа што не изгледа воопшто гламурозно, таа напиша дека за нејзината шминка и фризура се погрижи исцрпеноста.

Фотографијата наиде на многу пофалби од мајки кои коментираат дека е освежување славна личност да е толку реална за постпородилното тело.
Кети Пери роди девојче, кое е прво нејзино дете со Орландо Блум.

