Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Приватниот живот на актерката Џена Колман: Љубовната врска на кралицата Викторија со Роб Старк од „Игра на троновите“

Приватниот живот на актерката Џена Колман: Љубовната врска на кралицата Викторија со Роб Старк од „Игра на троновите“

Харизматична и талентирана. Ја шармира публиката во телевизиската сага „Доктор Ху”, каде во три сезони од серијата ја глуми Клара Освалд, сопатник на главниот јунак во патувањето низ времето.

Џена Колман ја напушти „Доктор Ху“ поради помпезно најавуваниот нов проект кој ѝ довери уште една носечка улога. А тоа е ликот на Викторија во приказната за кралицата Викторија. Колман е актерката која одлично го доловува ликот на познатата англиска кралица покажувајќи го својот убедлив и раскошен талент. За улогата во истоимената серија „Викторија“ ја доби наградата „Златна нимфа”, а воедно доби и голем број позитивни критики за интерпретацијата на прочуената владетелка. Главната ролја во оваа историска драма била доволно голем предизвик за Џена. Истражувала темелно за животот на кралицата и особено е фасцинирана од карактерните особини на оваа жена- владетел. Како што и самата актерка изјави, додека го истражувала животот на кралицата, заклучила дека Викторија била исклучително тврдоглава жена, особина која всушност придонела таа да стане најмоќната владетелка во историјата.

Џена Колман

Градењето на ликот на кралицата Викторија за потребите на серијата се одвивало постепено. Од млада, бунтовна и своеглава девојка, во следните сезони ќе следиме како се трансформира во самоуверена жена – владетел, односно ќе видиме една поинаква, искусна и мудра Викторија. Можноста да уживаме во светски хит од рангот на „Викторија“, серија со врвни актерски имиња предводена од популарната Џена Колман, ни ја овозможува премиерно телевизија Телма секој работен ден од 20:30 часот.

Родена во 1986 година како Џена Луиз Колман, денес планетарно популарната актерка уште како девојче знаела дека глумата ќе биде нејзинот животен избор. Нејзиниот талент бил препознаен и поддржан и од семејството и околината уште од најрана возраст. Од моментите кога нејзината слава станува глобална, нејзиниот приватен живот почнува да станува мета на новинарите и фановите. Позната е нејзината врска со Ричард Маден кој го толкува ликот на Роб Старк во планетарно популарната серија „Игра на троновите”. Папараците и медиумите постојано ја следеа нивната интензивна петгодишна врска. Во момeнтот кога ја прифати улогата на Викторија, Џена влезе во нова, романтична врска со актерот Том Хјуз, кој во серијата го глуми принцот Алберт, нејзинот сопруг. Привлечноста помеѓу нив била толку голема, така што не е ни чудно, како што велат британските медиуми, што љубовта од екранот се пренела страсно и во приватниот живот.

Џена Колман

Светските медиуми своевремено пишуваа дека Џена Колман е во врска со принцот Хари, информација која Колман никогаш не ја потврди, ниту ја коментираше, освен што го сподели фактот дека таа и принцот се само добри пријатели.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.