Џиџи Хадид во текот на бременоста досега вешто го редуцираше медиумското внимание насочено кон неа, избегнувајќи ги папараците и фоторепортерите. Но, атрактивниот модел одлучи да сподели со фановите труднички фотографии кои ја поставија во центарот на шоу-бизнис вестите.
25-годишната убавица објави црно-бели фотографии на кои го истакнува големото стомаче во последниот триместар од бременоста.

„Ја ценам сета љубов и убавите желби“ – им се обрати таа на обожавателите.





Ова ќе биде прво дете на Џиџи со Зејн Малик.
Популарниот модел и 27-годишниот пејач неколкупати ја прекинуваа и обновуваа врската од 2015 година наваму.



