Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна за важноста на грижата за животната средина

Игор Џамбазов, Весна Петрушевска и децата актери со еко химна за важноста на грижата за животната средина

Весна Петрушевска и Игор Џамбазов промовираа еколошка химна. Песната е изработена за телевизиската емисија „Агенда 21“ која има за цел да ja подигне свеста кај граѓаните за важноста на грижата за животната средина.

„Ѓубре, ѓубре, ѓубренце“ – е рефренот кој ќе го потпевнувате секојпат кога ќе ве изнервира граѓанската негрижа и ќе ве потсети дека промените можат да дојдат и од нас преку мали чекори во секојдневието. „Певлива, но во исто време и до коска реална, која целосно го отсликува ниското ниво на еколошка свест во државава“ – велат од КМК Продукција, кои го реализираа спотот.

Децата од спотот се ученици од Актерскатa школа на Весна Петрушевска, како и нивните поголеми другари - учениците од СУГС „Орце Николов“.

„Време е за еко промени!“ - додаваат од КМК продукција.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11952 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.