Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Селена Гомез ѝ ја исполни најголемата желба на обожавателка, посетувајќи ја во нејзиниот дом

ВИДЕО: Селена Гомез ѝ ја исполни најголемата желба на обожавателка, посетувајќи ја во нејзиниот дом

Пред својот концерт во Сиднеј, Селена Гомез издвои време за да изненади свој голем фан. 23-годишната пејачка отиде во домот на обожавателката Софи исполнувајќи ѝ ја најголемата желба – да се запознае со својот идол.

Во видеото, додека Софи ја пее „Kill Em with Kindness“ снимајќи се со својот мобилен телефон, Селена влегува во собата и ја прегрнува. Среќната девојка не може да поверува што се случува токму во нејзиниот дом.

„Не можам да поверувам дека тоа се случи и дека таа оддели време за да ме посети“ – вели Софи со солзи во очите.

Заслужни за изненадувањето и организирањето на средбата се водителите Џеки и Кајл од австралиската радиостаница „KIIS 1065“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11589 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.