Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вентворт Милер од „Prison Break“ откри дека е хомосексуалец

Вентворт Милер од „Prison Break“ откри дека е хомосексуалец

Вентворт Милер откри пред јавноста дека е хомосексуалец. Ѕвездата од популарната серија „Prison Break“ ја откри својата сексуална ориентација во писмо со кое одбива да присуствува на филмски фестивал во Русија поради тамошниот лош однос кон ЛГБТ заедницата.

Вентворт Милер

„Благодарам за љубезната покана. Како личност која уживала за време на посета на Русија во минатото и која може да каже дека во одреден степен има руско потекло, би ме усреќило да кажам да. Но, како хомосексуалец, морам да ја одбијам. Длабоко сум загрижен од сегашниот став и однос кон мажите и жените со хомосексуална ориентација од страна на руската влада. Оваа ситуација не е прифатлива и не можам со чиста совест да присуствувам на свечен настан чиј домаќин е држава каде на луѓе како мене систематски им е скратувано основното право да живеат и да љубат слободно. Можеби кога и ако околностите се подобрат, ќе се чувствувам слободен да направам поинаков избор“ – пишува 41-годишниот актер.

Вентворт Милер

По искреното писмо, Милер доби огромна поддршка и охрабрување.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11756 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.