По разводот со Анџелина Џоли, Бред Пит беше мета на шпекулации за врска со неколку жени, но новите фотографии наводно покажуваат дека се вистинити гласините дека негова нова љубов е моделот Никол Потуралски.
56-годишниот актер беше фотографиран со младиот модел по пристигнувањето со приватен авион во Јужна Франција.




Очевидци тврдат дека парот не криел дека е во романтични односи.
Бидејќи згодната девојка наликува на Ирина Шајк, многумина ја нарекоа нејзина двојничка.






Бред и Анџелина објавија дека се разделија во септември 2016 година. Тие се зближија за време на снимањето на филмот „Mr. & Mrs. Smith“, а својата љубов ја крунисаа со венчавка во Франција на 23 август 2014 година.

