Многу луѓе сметаат дека за да се создадат впечатливи модни комбинации, потребно е да се оддели мало богатство. Џилиен Овенс е доказ дека тоа не е точно.
38-годишната блогерка од САД купува облека на старо и ја прекројува и бојадисува за да создаде парчиња по нејзин вкус. Таа троши само по 1 долар за облеката која ја купува.




На овој начин, Џилиен се бори против консумеризмот кој е сè позастапен во општеството и ја промовира идејата дека модата може да биде еко, етичка и евтина.
„Имав малку пари, но наплив на креативност. Одлучив да ја купам најгрдата, најочајната и најевтината облека (речиси сè што прекројувам чини 1 долар) што можев да ја најдам во продавницата за облека на старо и да ја претворам во мои уникатни дизајни“ – вели Овенс.



Нејзиното хоби набрзо прераснало во нејзина страст и таа го создала блогот „Refashionista“, каде објавува фотографии од својата работа.
„Креативноста е како мускул. Многумина сметаат дека не се креативни, но јас не им верувам. Решавањето мали проблеми ни помага да го тренираме мозокот да гледа креативно на поголемите проблеми и да ги решава и нив. Сè започнува со мали бебешки чекори“ – додава таа.































