Почетна » Новости » Занимливости » Емотивно изненадување: Тамара Тодевска ја трогна до солзи Нина Костовска, девојката со Даунов синдром која руши предрасуди

Емотивно изненадување: Тамара Тодевска ја трогна до солзи Нина Костовска, девојката со Даунов синдром која руши предрасуди

Тамара Тодевска ѝ приреди емотивно изненадување на Нина Костовска со специјална изведба.

Популарната пејачка, која годинава ќе нè претставува на Евровизија во Израел, се појави во домот на Нина за да ѝ ја отпее песната „Proud“. Очите на Нина се исполнија со солзи веднаш штом ја здогледа Тамара, а потоа нижеше насмевки за на крајот да потврди дека е многу среќна и изненадена.

„Нина е личност која докажува дека можеш сè да постигнеш во животот ако имаш голема желба“ – вели Тамара.

Видео од емотивната средба

Нина е родена со Даунов синдром. Таа ги освои симпатиите на македонската јавност со учеството во кампањата „Биди фер – за детство без пречки“ пред да дипломира македонски јазик и книжевност. Незапирливата девојка сега обучува наставнички и учители како да работат со деца со пречки во развојот.

Тамара Тодевска, Нина Костовска

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.