Почетна » Новости » Занимливости » Војвотката Кетрин во елегантен зелен фустан ја продолжува мисијата за подобро ментално здравје

Војвотката Кетрин во елегантен зелен фустан ја продолжува мисијата за подобро ментално здравје

Додека светот ја очекува веста за раѓањето на првото дете на принцот Хари и Меган Маркл, војвотката Кетрин помага во преземањето на конкретни чекори за подобрување на животот на семејства во Велика Британија.

37-годишната сопруга на принцот Вилијам присуствуваше на отворањето на центар, кој обединува на едно место стручни лица, истражувачи и семејства на кои им е потребна помош поради проблеми со менталното здравје. Новата установа е во рамките на Центарот за ментално здравје „Ана Фројд“ во Лондон.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

„Денес сите ние сме тука затоа што се грижиме за трансформирањето на менталното здравје на децата, младите луѓе и нивните семејства. Преку вашата работа тука во Центарот ‘Ана Фројд’, научив многу за развојот во раното детство и важноста на поддршката на родителите“ – рече таа во својот говор.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Кетрин беше облечена во зелен фустан од Емилија Викстед и обувки од Џанвито Роси.

Војвотката Кетрин Војвотката Кетрин

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11953 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.