Рaјли Станкомб прави хумани дела уште од мали нозе. Добродушното момче на 9 години за првпат ја истрижи својата коса и ја донираше за правење перики за деца болни од рак.
Рајли никогаш претходно ја немал потскратено косата бидејќи сакал да ја расте како фудбалерот Гарет Бејл.
Пред потстрижувањето, косата му достигнувала до 60 сантиметри.
„Сакав да ја дадам на луѓе кои имаат рак и видов фотографии од многу деца кои се борат со рак, а кои воопшто немаат коса“ – вели момчето од Есекс, Велика Британија.




Рајли со помош на семејството направи и страница на GoFundMe за да собере парични средства. Тој успеа да собере 3.000 долари кои ги донира во организацијата „Little Princess Trust“, каде ги испрати и прамените коса.
Рајли изјавил дека се надева дека со периките болните деца нема да се чувствуваат како да се поразлични од другите. „Навистина се надевам дека ова ќе усреќи некои луѓе. Се надевам дека тие деца повеќе нема да се чувствуваат како да се поразлични“ – обајснило момчето.






