Шенка Колозова, која сите ја знаеме по бројните улоги во Македонските народни приказни, стана почесен граѓанин на Општина Пробиштип.
По повод доделувањето на наградата на легендарната македонска актерка, во Пробиштип беше одржана церемонија на која настапија Trio Gentlemen.
70-годишната македонска ѕвезда гордо го прими признанието.






На настанот беше прикажан документарен филм кој ја следи животната приказна на Шенка, низ очите на нејзините колеги и соработници.
Приказната за Шенка Колозова
Шенка остана вдовица откако во 2003 година почина незаборавниот Ѓорги Колозов.

