Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Официјална фотографија: АнаСофија Роб како младата Кери Бредшо

Официјална фотографија: АнаСофија Роб како младата Кери Бредшо

Сара Џесика Паркер доби своја наследничка. Минатиот месец стана јасно дека АнаСофија Роб е новата Кери Бредшо, а сега е објавена првата официјална фотографија од младата Кери.

Облечена во шашавиот стил на 80-тите години, АнаСофија го доловува изгледот на Кери од новата серијата „The Carrie Diaries“ (Дневниците на Кери).

АнаСофија како младата Кери БредшоАнаСофија како младата Кери БредшоАнаСофија како младата Кери Бредшо

„Кога АнаСофија влезе во собата, знаевме дека ја најдовме Кери. Нејзината елеганција, интелигенција, смисла за хумор и емпатична природа ја прават совршената девојка за да ја оживееме младата Кери. Фактот што обожава прекрасни штикли воопшто не штети“ – изјавила продуцентката Ејми Харис.

АнаСофија како младата Кери БредшоАнаСофија на снимањето на „Дневниците на Кери“

18-годишната актерка ќе ни ги претставува средношколскиот живот на Кери, нејзината потрага по вистинската љубов и нејзините први прашања за љубовта, сексот и пријателството.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11587 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.