Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Личи ли на неа? Софија Вергара доби статуа од 7,5 метри во родниот град за 53-тиот роденден

Личи ли на неа? Софија Вергара доби статуа од 7,5 метри во родниот град за 53-тиот роденден

Софија Вергара доби специјален подарок за нејзиниот 53-ти роденден.

Впечатлива статуа со висина од 7,5 метри со нејзиниот лик беше поставена во центарот на нејзиниот роден град Баранкиља во Колумбија.

Атрактивната ѕвезда од „Modern Family“ со голема радост се заблагодари за оваа голема чест.

„Ти благодарам, моја прекрасна Баранкиља, за овој подарок! Никогаш не замислував дека мојата приказна, мојата работа и моите соништа ќе остават толку значаен белег за оваа земја што ја сакам, почитувам и копнеам по неа. Благодарам на Баранкиља за сè што сум. Сè што сум постигнала го должам на силата, храброста и радоста што се вдишува во оваа земја. Оваа статуа не е само во моја чест, туку и во чест на луѓето од Баранкиља и во чест на моето семејство и пријателите кои отсекогаш биле со мене. Ве сакам сите многу!“ – стои во нејзината објава.

Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара

Бронзената статуа е дело на колумбискиот уметник Ино Маркез и претставува симбол на културната гордост и глобалниот успех на Вергара.

Фановите на Вергара го критикуваа изгледот на скулптурата, пишувајќи дека воопшто не личи на славната актерка и повеќе потсетува на цртаниот лик Џесика Ребит од популарниот филм „Who Framed Roger Rabbit“.

Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара

Претходно, Софија сподели фотографии од роденденската прослава на Сардинија, на која беше и нејзиниот син Маноло.

Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара Статуа на Софија Вергара

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27570 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.