Еминем се отвори за тежок момент од неговиот живот, кој бил и пресвртница за него.
Во 2007 година, 52-годишниот рапер беше на работ на смртта поради предозирање, а сега откри дека плачел кога сфатил дека поради тоа го пропуштил првиот рецитал на ќеркичката Хејли, која сега има 29 години.



Во неговиот документарец „STANS“, Еминем вели:
„Влегов во тој вискозен циклус на ‘депресивен сум, па ми требаат повеќе апчиња’, а потоа твојата толеранција станува толку висока, што завршуваш со предозирање.“
„Се разбудив во болница и не знаев што по ѓаволите се случи. Ми се чинеше дека заспав, а се разбудив со цевки во мене. Сакав да станам, но не можев да се помрднам.“

Еминем се вратил дома и знаел дека мора да промени нешто или ќе умре. Пресвртница за него бил моментот кога гледал видео од првиот настап со гитара на Хејли, кој тој го пропуштил поради предозирањето.
„Ми донесоа видео бидејќи го пропуштив првиот рецитал на гитара на Хејли. Чувствував огромна вина и плачев додека го гледав, мислејќи: ‘Боже, го пропуштив тоа’“ – вели Еминем.
По оваа случка тој се запрашал: „Дали сакаш да пропуштиш сè? Ако не можеш да го направиш тоа за тебе, барем направи го за нив. Сфатив дека никогаш повеќе нема да го правам тоа“.

Во интервју во 2022 година, Еминем сподели дека земал и по 20 апчиња на ден. Славниот музичар успеа да го помине тешкиот пат на рехабилитацијата и е трезен од април 2008 година.
Хејли сега е мајка на синче и негува одлични односи со Еминем.

