Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Дениз Ричардс со шокантни фотографии од модринките го обвини бившиот за семејно насилство

Дениз Ричардс со шокантни фотографии од модринките го обвини бившиот за семејно насилство

Дениз Ричардс тврди дека беше жртва на семејно насилство.

54-годишната актерка и модел сподели фотографии од модринките на нејзиното лице и го обвини поранешниот сопруг Арон Фајперс за физички напад.

Моментално трае постапката за нивниот развод, а во меѓувреме таа побара и доби привремена забрана за приближување од негова страна.

Според судските документи, Ричардс го обвинува Фајперс за физичко малтретирање и приложува фотографии со модринка на окото, како и слики од црвениот тепих на кои се гледаат повреди на рацете.

Ричардс Ричардс Ричардс

„Арон често насилно ме давеше, насилно ми ја стискаше главата со двете раце, цврсто ми ги стискаше рацете, насилно ме плескаше по лицето и главата, агресивно ми ја удираше главата во полицата за крпи во бањата, се закануваше дека ќе ме убие, ме држеше со коленото на грб до тој степен што морав да го молам да се симне од мене за да не ме убие“ – тврди Ричардс во судските документи. „Арон редовно се закануваше дека ќе ми ја ‘скрши вилицата’ и плачеше, ме молеше да останам и ветуваше дека ќе побара помош, но ништо од тоа никогаш не се случи.“

Ричардс тврди и дека Арон најмалку трипати ѝ предизвикал потрес на мозокот.

Ричардс Ричардс

Дениз открива дека се плашела од неговите закани и поради тоа не го пријавувала во полиција. Во изјавата, таа наведува дека Фајперс поседува најмалку осум нерегистрирани оружја и дека „во текот на бракот постојано ми се закануваше дека ќе ме убие, ќе се убие и ќе ги убие полицајците“.

Забраната за приближување важи до 8 август, кога двајцата треба да се појават на суд.

Дениз и Арон стапија во брак во 2018 година, откако беа верени само 48 часа.

Ричардс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27570 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.