Почетна » Новости » Животни стории » Драматични фотографии од спасувањето на бебе кое престанало да дише

Драматични фотографии од спасувањето на бебе кое престанало да дише

Во време кога трагичните вести преовладуваат во медиумите, позитивните случувања експресно брзо го обиколуваат светот.

Фотографиите од драматичното спасување на петмесечно бебе на прометен пат во Мајами го привлекоа вниманието на светската јавност.

Додека Памела Раусео била заглавена во сообраќаен метеж, ненадејно нејзиниот мал внук престанал да дише. Испаничената 37-годишна жена го зграпчила бебето, излегла од автомобилот и гласно викала некој да ѝ помогне. Во нејзината глава се вртела мислата дека не смее да дозволи ништо лошо да му се случи на малиот Себастијан де ла Круз.

„Сестра ми ми го довери мене“ – изјавила Памела за новинарите.

Лусила Годои го оставила своето тригодишно дете во автомобилот и веднаш дотрчала да помогне. Веднаш дотрчал и Ал Дијаз, фотограф од Miami Herald, кој го овековечил спасувањето.

„Жена излезе од автомобилот и започна да вика: Моето бебе не може да дише, моето бебе не може да дише. Јавете се на 911! Па излегов од мојот автомобил и дотрчав да ѝ помогнам“ – раскажал Дијаз.

Без да размислува, Дијаз започнал да трча низ автомобилите за да бара помош. За среќа, пронашол полицајци кои веднаш се упатиле кон Раусео и ѝ помогнале со вештачко дишење да го врати во живот Себастијан. Откако неколку пати зело воздух, бебето повторно престанало да дише, но пак било спасено.

ПамелаПамела со вештачко дишење се обидува да го врати во живот својот внук Драматично спасување на бебе Драматично спасување на бебе Драматично спасување на бебе Драматично спасување на бебе

Бебето било пренесено в болница и е во стабилна состојба. Памела рекла дека Себастијан бил роден предвреме и имал респираторни проблеми.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11434 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.