• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

Зошто семињата се важни во исхраната и колку се ефикасни?

3 февруари 2023, 07:30
  • cподели

Симона Коруновска заедно со dm споделува неколку интересни нутритивни факти

Со различните видови семиња многумина од нас често се среќаваат, но за нивната нутритивна вредност и влијание врз човечкиот организам не се зборува доволно во јавноста. Меѓу другото, семињата се ефикасен начин да се внесат здрави масти, растителни влакна и минерали во исхраната. Исто толку важно е да се знае дека, заради богатството на влакна што го содржат, при нивната консумација е многу значајно да се пие доволно количество вода.

семиња dm

Навистина добар пример е лененото семе. Тоа содржи многу влакна, протеини и калиум. Најдобро е да се јаде сомелено за полесно да се дигестира. Треба да се почне со помало количество, што постепено ќе се зголемува.

Чиа-семето, од друга страна, е извор на омега-три и алфа-линоленска киселина и е одличен избор за тие што не јадат риба. Исто така, доколку рецептот содржи јајце што сака да се избегне, една лажичка чиа и малку вода е извонредна замена.

Тука се и семките од тиква на кои не треба да им одолеете бидејќи содржат многу минерали, од кои најмногу цинк, кој е важен за правилно функционирање на имунолошкиот систем.

Нутриционистката Симона, во соработка со dm, споделува ултра брз појадок – овесна каша богата со железо, многу растителни влакна што долго држат ситост и ја намалуваат апсорпцијата на шеќер во крвта.

На youtube – каналот на dm може да го погледнете целиот рецепт, кој одлично ќе ви се најде кога немате идеја што да појадувате.

Ова се неколку факти кои ја прикажуваат исклучителната нутритивна вредност на едноставната овесна каша што ја подготви Симона:

  • Овесните снегулки изобилуваат со комплексни јаглехидрати и растителни влакна кои ја помагаат цревната перисталтика, ја подобруваат опстипацијата, долго држат ситост и помагаат при регулирање на шеќерот во крвта.
  • Малините се продукт кој има ниско ниво на шеќер и калории, но многу антиоксиданси и танини кои можат да помогнат во борбата со оксидативниот стрес, регулирањето на шеќерот во крвта, инфламаторните процеси во телото, како и стареењето.
  • Путерот од лешници освен што е вкусен, има заситени масти кои можат да ја помогнат борбата со лошиот холестерол и при регулирање на притисокот.
  • Јагодите се едни од омилените овошја, а овошниот намаз со 75 отсто јагоди е одличен начин да уживаме во нив и кога ќе заврши нивната сезона. Тие имаат многу активни био компоненти, може да помогнат во заштита на кожата и да превенираат одредени хронични заболувања.

Повеќе интересни нутритивни факти, рецепти и совети во соработка со Симона Коруновска може да погледнете на веб-сајтот на dm!

Tags
dm-drogerie markt

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.